Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: Татабања заслужуваат респект и ни следи баш европски натпревар

Еурофарм Пелистер од Битола веќе се во Унфарија, каде попладнево и утре изутрина ќе одржат и два тренинзи пред натпреварот од 9. коло  од групата “Д“ на Европската лига против екипата на Татабања, кој ќе се одигра утре од 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер се надева на пласман во осминафиналето на Европската лига на две кола до крајот на групната фаза со реални шанси за пласман, но се претпазлици и во оваа престојна средба.

Тренерот Жељко Бабиќ за утрешниот натпревар пред заминувањето за Унгарија ни рече:

-Како што кажавме и претходно моите ракометари покажаа карактер, одлична тимска игра, силна дефанзива и ментална цврстина. Одигравме перфектен натпревар против Кадетен во Битола и ги покажавме нашите и индивидуални и тимски вредности. Ништо не е готово, уште сè е отворено. Имаме уште две кола, а математички уште не го обезбедивме ни осминафиналето. Така да мораме да останеме фокусирани, ментално цврсти, да размислуваме секој за своите задачи и да го потврдиме тоа што нè краси – тимската игра.  Имав искуства и претходно и за жал губевме натпревари кога споредувавме што било претходно. Ова е нов натпревар. Во Битола бевме во налет, во позитивна серија и одигравме многу добро.

Сега имаме доста проблеми и никој не смее да размислува во тој правец дека тоа ќе биде ист натпревар. Татабања е одличен и подвижен тим. Имаат технички добри ракометари кои играат „еден на еден“, а имаат и одличен тренер. Точно е дека немаат шанси за осминафинале, но имаа проблеми во клубот и затоа се малку подолу на табелата. Сепак, заслужуваат респект и ни следи баш европски натпревар.

More from СпортMore posts in Спорт »