Press "Enter" to skip to content

“Левица“ со амандман во Советот, старите советници да ги вратат лап-топовите и да се дадат на ранливите категории

Политичката партија “Левица“ која во Советот на Општина Битола има двајца советници,  на денешната седница ќе поднеси предлог амандман за враќање на службените лаптопи, нивна преинсталација, репарација и оспособување за нивната намена, по одлуката тие книговоствено да се отпишат.

“Левица“ ќе бара овие лаптопи ќе бидат доделени на деца во школска возраст кои потекнуваат од социјално загрозени семејства за нивно олеснување во училишната настава.