Press "Enter" to skip to content

Народниот театар од Битола вечерва во Нови Сад, на сцената на најстариот српски професионален театар

Ансамблот на Народниот театар од Битола се наоѓа на гостување во Нови Сад, Србија каде вечерва пред публиката на најстариот српски професионален театар, кој е основан на 28 јули 1861 година, ќе ја изведе претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица.

Настапот во Нови Сад и Белград е во рамките на културната манифестација “Игорови денови“, омаж посветен на прерано починатиот млад режисер Игор Вук Торбица со кој соработуваше и театарот од Битола.

Торбица во 2019 година ја режираше претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во 2019 година, со која добија награди и за режија, межу другите, на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и Интернационалниот фестивал „Стоби“.

На сцената  во Нови Сад,  година, вечер ќе Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

More from КултураMore posts in Култура »