Пелистер – Ренова 1:1 (1:1)
Вчерашниот одложен натпревар, Пелистер – Ренова, кој требаше да се игра во Битола, поради снежните врнежи се одигра денес во Охрид на стадионот “Билјани извори“, а на кој “пелистерци“ не успеаја да ја запишат првата победа, пократ тоа што имаа водство од 1:0. На фудбалерите на Пелистер во никој случај не му одговараше реми со оглед на тешката состојба која ја има, односно битката за опстанок, која од коло во коло е невозможна.
Натпреварот започна со иницијатива на Ренова, а како резултат на тоа беше погоденаѕа статива. Здравевски со убав гол од десната страна со одличен удар го совлада голманот на Ренова за 1:0. Резултатот беше изедначен во 45. минута кога со глава Таипи погоди за гола откако скокна највисоко пред голот на Пелистер.
Второто полувреме не донесе промена на разултатот, односно остана 1:1, резултат од првото полувреме.
Во следното коло Пелистер гостува во Штип кај екипата на Брегалница.