Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Прегратките служеле на еволуциската цел да ни помогнат да знаеме кој е, а кој не ни е сигурен… Значењето на допирот тактилните сензации во комуникацијата со другите луѓе
-Ако се родиме слепи или неми ќе преживееме, но ако не ни функционира сетилото за допир тоа е невозможно – Martina Grunwalda германски научник.
Колку пати кога сме биле тажни, очајни, разочарани, депресивни дури и лути, гневни, бесни… доволен бил само допир по рамо или прегратка за да не утеши полесно да ни помине „маката“… Тоа делува терапевтски, корисно и исцелувачки
Ако некогаш сте се почуствувале гладни за допир во право сте!
Истите подрачја во нашиот мозок кои се задоволни со јадење, исто така се задоволни со човечки допир. Тоа е заради окситоцинот, познатиот „хормон на љубовта“. Овој хормон има клучна улога во женскиот репродуктивен состав, но хормонот окситоцион исто така има социјални импликации – како што се приврзаност, доверба и поврзување. Добро е ако имате личности кои ви пружаат сигурност, на кои можете да им се обратите за прегратка, удобност и грижа.Допир, прегратки, гушкање… за да преживееме
Прегратките служеле на еволуциската цел да ни помогнат да знаеме кој е, а кој не ни е сигурен. Додека денес,повеќе од нас не не прогонуваат лавови, тигри или мечки, се уште доживуваме многу секојдневен стрес. Нашиот нервен систем не е подготвен да препознае каков емоционален стрес не очекува, но во миговите на стрес копнееме за допир,прегратки – сакаме да знеме дека сме сигурни. Истражувања покажале дека секој допир или прегратка е подобра од тоа да ја нема, така да и да нема „лоша“или погрешна прегратка. Исто така прегратка од пет до десет секунди се поврзани со повисоки оценки на задоволство од прегратка од една секунда. Се смета дека ни се потребни 4 прегратки за преживување, 8 за одржување и 12 за раст и развој за што уште од порано зборуваше Virginia Satir познат семеен терапевт.
Пандемијата и мерки на претпазливост го зедоа својот данок
Долг период заради препорачаните ригорозни мерки слушавме и гледавме пораки кои ни сугерираа да избегнуваме ракување, прегрнување, бакнување, допири… Да држиме дистанца. Најголемата опасност по човековото менталното здравје. Кога трајно би останале без можност на спонатано допирање, тоа ќе делува многу негативно врз нас како човечки вид. Мерките на претпазливост, нас како култура и народ не погодија посилно. Ни беше ускратено нешто што е дел на нашиот темпермент, а темпераментот не она што го учиме или усвојуваме, туку ни е вроден. Ако се земе во предвид дека по природа сме потемпераментни од на пример други европски народи, во навика ни беше што почесто да се прегрнуваме и да се бакнуваме при средбите со луѓето или при честитања. Виртуелниот свет го зеде данокот што се однесува на дружење, блискост и допир. Социјалните мрежи на еден начин не поврзуваат, но на друг не отуѓуваат. Социјалната комуникација и пораките за љубов, бакнежи, гушки се во виртуелниот свет.Се поставува прашањето дали изолацијата (која ја поминуваа заболени од вирусот), забраните за физички, тактилен допир, ракување, гушкање, прегратки кои не пратеа подолг период ќе остават последици врз нас?
Ако знаеме дека нешто ќе помине и е за одредено врeме тогаш имаме и психолошки капацитет да се носиме со она што го носи со себе.
Но потребно е да знаеме дека :
-Допирот е многу важен не само што ни прави да се чувствуваме убаво, пријатно, допирот значи: поддршка, утеха, сила.
–Без спонтан допир ќе станеме поагресивни, со помалку капацитет да се справуваме со фрустрациите, и непријатните чувства.
-Ќе станеме многу помалку чувствителни на другите и ќе си праќаме кон себе пораки дека поврзувањето со луѓето е опасно.
– Сигурно е дака не би сакале да одиме во тој правец на лошо, грдо сценарио.
Се разбира дека стравот од ракување и прегратки ќе не прати и понатаму. Секоја личност спрема својот карактер ќе се справува со тоа. Но сепак би требало да знаеме дека сето тоа може да се надмине со нагласување на значењето на допирот и афирмативен позитивен став кон блискост во дружењата со другите луѓе.Значењето на допирот тактилните сензации во комуникацијата со другите луѓе
Допирот е суптилен начин на комуникација исполнет со смисла. Во таа комуникација :
- Се чувствуваат намерите и потребите
- Нечиј допир ни се допаѓа, а на некој не – токму заради намерата, потребата и значењето кои се втакени во тој допир.
- Допирот нам на инстиктивно ниво ни зборуваа дека на некој можеме да му веруваме.
- Допирот ни зборува и за степенот на блискот. При средба, со некои некои познаници, пријатели се прегрнуваме, со некои се бакнуваме во образ. Со други само ќе се ракуваме.
- Со некои цврсто се прегрнуваме и со тоа низ прегрнувањето споделуваме поддршка, чувства на интуитивно ниво.
Заради тоа комуникацијата по пат на допир е незаменлива.
-4 прегратки за преживување, 8 за одржување и 12 за наш раст и развој (Virginia Satir)
ЗАТОА: пресметајте и прегрнувајте се!!!