Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер преку ФИФА фондацијата ќе учествува во проектот “Play2Include“

Фудбалот обедини широко Балканско партнерство за поттикнување на социјална кохезија и добросостојба на младите во Македонија, Србија и Босна преку поддршка на ФИФА фондација (FIFA Foundation), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција (AFD).Во рамките на проектот „Играј и вклучи“ (Play2Include) се предвидува серија активности како што е обука на тренери во програмата спорт за развој, па потоа тренерите во своите локални заедници ќе ја применат програмата и ќе вклучат што е можно повеќе млади. Исто така предвидени се национални настани и фудбалски натпревари кои ќе стават акцент на вклучување на сите млади без разлика на нивото етничко потекло или и статус. Во јуни ќе се одржи и првиот регионален летен камп за млади фудбалери и фудбалерки каде младите од регионот ќе имаат можност да научат нови вештини, но пред се да играат фудбал. Проектот се темели врз програмата „Спорт за развој“ која става фокус на развој на вештини кај младите луѓе преку фудбалот како: тимска работа, соработка, солидарност, емпатија а особено внимание ќе се стави на подобрување на металното здравје и психофизичката состојба на младите.Во проектот покрај ФК Пелистер партнери се и ФК Графичар – Р.Србија, Респект – БиХ, Џи-џи – Скопје, Фудбал за сите – Скопје и носителот на проектот спортската организација ТАКТ за кој претседателеката Магдалена Спасовска ни изјави: За прв пат фудбалот во регионот ќе не обедини сите за една поголема цел а тоа се младите и нивната добросостојба и регионална поврзаност. Оваа регионална соработка ќе ни овозможи да ја прошириме мрежата за спорт за развој во фудбалските организации и клубови. Се надеваме да поттикнеме еден нов и иновативен пристап во спортот во регионот, а истовремено да овозможиме зголемување на групата на тренери за спорт за развој, поткрепување на фудбалските клубови со нови програми кои ќе го подобрат нивниот перформанс, но секако и да креираме нови можности за младите од Балканот да се дружат, спортуваат и забавуваат.Покрај тоа што проектот ќе ја одигра обединувачката улога помеѓу фудбалските клубови од Македонија, Србија и БиХ исто така ќе даде и една можност и поттикнување на соработка, размена на искуства и елиминирање на предрасудите во однос на различните социјални структури. Улогата на тренерите одамна  не е само натпреварувачка туку тие се и водачи на нашите деца низ животот и затоа потребно е да се разбере големината на нивната општествена улога како моќна алатка за инклузивно социјални промени – ни изјави координаторката на проектот за ФК Пелистер Гордана Цветковска Бошевска. Проектот исто така беше поддржан од општина Битола и од Градоначалникот Тони Коњановски за понатамошна имплементација.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »