Во организација на ски клубот Пелистер од Битола, овој викенд, ќе се одржат натпреварите од националното првенство во слалом и велеслалом.
Покрај овие натпревари, ќе се одржи и “Пелистерски (градски) велеслалом“ кој ќе биде од отворен карактер.На градскиот велеслалом ќе можат да се натпреавруваат битолчани на возраст 7 до 77 години во следните категории, категорија под 15 години, категорија од 15 до 39 години, и категорија над 40 години (ветерани).
Трката е од ревијален карактер, ќе се одржи веднаш после официјалната трка во рамки на националното првенство за деца до 16 години.
Симболична стартарина: 100 денари.