Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: граѓаните кои имаат непријавени водомери или имаат проблеми со водомерите да пријават до 31 март

ЈКП “Водовод“  Битола ги известува оние грѓани кои имаат проблем со водомер или непријавени водомери и приклучоци за вода за пиење почнувајќи од периодот 21.02.2022 година до 31.03.2022 година,  им се дава можност непријавените водомери и приклучоци, да ги регистрираат во ЈКП “Водовод“ Битола. Во спротивно ќе се поведат сите законски правни постапки и исклучувања од водоводната мрежа согласно позитивните законски прописи.

После истекот на горенаведениот период, секој потрошувач кој ќе се пронајде да е бесправно приклучен на водоводната мрежа ќе биде исклучен од истата и ќе се изврши присилна наплата на сите трошоци направени за бесправното приклучување на водоводната мрежа согласно законската правна регулатива.

Пријави кај реонскиот инкасатор или на телефоните:  072 917 100, 072 917 101 и 072 917 102.