Press "Enter" to skip to content

Бабиќ: одбраната на Татабања ни одзеде многу енергија, Кизиќ: беше тешко без неколку стандардни првотимци

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, синоќа во Татабања е поразена од истоимената екипа во групата “Д“ на Европската лигата, во натпревар во кој играа без четворица стандардни протимци.

На официјалната прес-конференцијата по средбата  тренерот Жељко Бабиќ изјави:

-Честитки за мојот пријател Драган Ѓукиќ и екипата на Татабања за заслужената победа. Нивото на нашата игра беше високо, но потрошивме многу енергија во одбрана и немавме сили за трчање контра напади. Воопшто не го искористивме овој елемент во играта. Не е лесно да се игра „шест на шест“, тие играа цврста одбрана, со многу енергија и срце и затоа ни создадоа вакви проблеми. Не сум ја видел Татабања вака добра во одбрана оваа сезона.  

На пресот зборуваше и голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ кој рече:

-Честитки за нашите противници за заслужената победа. Бевме егал со нив до последните мигови, но мора да потенцирам дека беше тешко без неколку стандардни првотимци. Направивме неколку грешки во двата правци и тие тоа го казнија. Имаме уште еден натпревар, треба да се одмориме и да се подготвиме, ни следува дуелот против АЕК“, рече младиот голман.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »