Press "Enter" to skip to content

Караванот “Учи паметно, работи стручно“ во Битола, заедно со министерот за образование и наука Шаќири

Во Општина Битола, денес се одржа средба за унапредување на средното стручно образование. Средбата беше организирана од страна на Министерството за образование и наука, а на неа присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, градоначалникот на Битола, Т0ни Коњановски и претставници на бизнис секторот и средните стручни училишта

-Квалитетното образование е важно за успешната иднина на секој ученик пооделно но подеднакво е важно и за иднината на државата. Затоа за Владата и за Министерството за образование и наука, реформите во образованието имаат висок приоритет, како еден од клучните чекори за развој на човечкиот капитал и трансформација на општеството. Погледнато и од аспект на локалните самоуправи и компаниите кои тука работат, промените во средното стручно образование, насочени кон унапредување на дуалното образование, имаат за цел преку повеќе практична работа на учениците а помалку теоретска настава, да создадат висококвалификувани кадри за кои пазарот на труд има потреба. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбите со претставници на општините, на бизнис заедницата и директорите на средните стручни училишта, што во рамки на дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ денеска се одржаа во Битола.Во Битола, покрај двете гимназии во општинска надлежност имаме 5 средни стручни училишта и 1 државно средно стручно училиште. Во досегашниот период, честопати евидентна била неусогласеноста на побарувањата на бизнис секторот со расположливите стручни профили кои доаѓаат од средното образование. Верувам дека, со спроведените анализи ќе се постигне саканата цел за идентификување на потребите на компаниите и подготовка на соодветни наставни програми за следната учебна година, кои ќе придонесат за зголемување на вработеноста кај младите. Битола, во оваа насока, веќе има одредени почетоци на соработка на бизнис секторот и стручното образование во средното техничко училиште, каде што е воведена зголемена практична настава во Компанијата „Кромберг и Шуберт“ и дуално образование, согласно евидентираните потреби кои произлегоа со отворањето на оваа фабрика. Би сакал да нагласам дека, надлежните институции на локално и централно ниво, мора да имаат континуирана соработка со бизнис секторот во интерес на граѓаните, рече градоначалникот Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »