Феникс – Пелистер 73:70
Екипата на Пелистер од Битола е поразена во заостанатиот натпревар од 14. коло од дебитантот во лигата, екипата на Феникс во Скопје, а тоа е прв пораз на не победениот “пелистерци“ оваа кошаркарска сезона. Тренерот на Пелистер Марјан Илиевски поради суспензија не ја водеше екипата, а во тимот ги немаше Кесар и Стајиќ.
Пелистер беше подобар во првата четвртина, која заврши 18:23, а Феникс ја доби втората, а на одмор се отиде со 41:32 за домаќинот.
Во текот на третата и четвртата четвртина екипата на Пелистер се обидуваше да дојдат до позитивен резултат, а дури во 35.минута се приближија само на -3 разлика. Потоа Феникс додје до 67:58, на 2:22 минути пред крајот, а на крај да победи со 73:70.
Кај екипата на Пелистер Ѓуроски најефикасен со 17, пред Караџовски со 15 поени.
Фото: КФМ