Press "Enter" to skip to content

Претседателката на Советот, Илиевска, оствари средба со потпретседателот на Сојузот на спортови Илиќ

Во рамките на отворениот ден, денес, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, се сретна со потпретседателот на Сојузот на спортови на Општина Битола, Ѓуро Илиќ. 

Илиќ во име на претседателот Димче Миновски и Управниот одбор на Сојузот на спортови ја запозна Илиевска за историјатот на Сојузот, за тековните активности и за плановите кои ги има и за дел од настаните кои оваа година планира Сојузот да ги реализира. 

Илиевска рече дека Сојузот на спортови е најстарата, по ново, невладина организација во Битола, која опстојува 60 години, и дека активностите кои ги прави се во корист и за афирмација на спортистите, пред се на младите и дека идните проекти ќе бидат и понатаму поддржани од градоначалникот и Советот на опптина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »