Денес, четврток, 3 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7 степени.
Утре, петок, 4 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7 степени.