Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на Битола Коњановски на средба со ректорот на УКЛО Коруновски (фото)

Денес во Ректоратот на Унверезитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски со претставници од ректорскиот колегиум беше домаќин на средбата со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Во пријатниот работен состанок учествуваа и првите соработници на Коњановски, Викторија Христовска и секретарот на Општината, Борче Димитровски и истиот беше можност да се разгледаат приликите за подобрување на взаемната соработка.  Покрај ректорот Коруновски, на првата официјална работна средба, како претставници од УКЛО присуствуваа и проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, претседателот на Сенатот, проф. д-р Пеце Николовски, генералниот секретар, м-р Офелија Христовска и претседателката на УСС УКЛО, Симона Наумовска, којашто воедно е член во Локалниот младински совет.Тоа што Општина Битола континуирано го прави преку повеќе програми, а е насочено кон поддршка на младите луѓе, со цел нивно поттикнување да останат, да творат и делуваат во својата држава, во својот роден град, потребно е да биде добро планирано и системски поврзано, за да може бенефитите да се почувствуваат во повеќе области на општественото живеење. Универзитетот и општината веќе имаат потпишан меморандум за соработка, но сега таа соработка ќе ја продлабочиме со нови проекти, кои ќе помогнат за поголемо вклучување на младите во институциите, за време на нивното студирање, преку професионална пракса, во која ќе дадат свој придонес во одредени процеси, но и ќе стекнат практични вештини. Исто така, соработката која ја имаат и општината и универзитетот со бизнис секторот, дава насоки за воведување на соодветни програми кои ќе продуцираат висококвалитетни кадри, конкурентни на пазарот на трудот, веднаш по завршувањето на студирањето, изјави градоначалникот Коњановски

Соговорниците се сложија дека УКЛО со своите универзитетски капацитети може да делува во сите форми на соработка коишто овозможуваат бенефит за младите и Општината, меѓу коишто отворање на студентски парк и практиканско вклучување на студентите од УКЛО во дејности на Општината.   -Она што со градоначалникот денес го договоривме е, оние општи меморандуми да ги претвориме во конкретни договори за соработка и неколку веќе ставивме на маса, а тоа е реализација на идејата на студентите за студентски парк, во просторот кој што ќе го определиме во поранешната касарна, реализација на проектот за студентска пракса во општината, на нашите студенти, активирање на лабораториите на универзитетот во функција на потребите на општината, но и пред други инвеститори и донатори и се разбира, многу други активности, кои што значат развој на градот и пошироката заедница. Она што не спојува, се младите луѓе и гледате многу од идеите кои што тие ги даваат, всушност се нашата програма за работа понатаму“, изјави рекоторот Коруновски.

УКЛО и Општина Битола во наредната фаза ќе ги дефинираат полињата за конкретната соработка и учество во заеднички проекти и истите ќе ги официјализираат со меѓусебен договор. Оценето е дека со определување на приоритетите на взаемната соработка во области од заеднички интерес може да се помогне во зајакнување на административниот и стопанскиот сектор во Битола, и со поголема вклученост на младите, да се создаваат и градат политики насочени кон подобри услови и поквалитетен живот. 

Е. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »