Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен на дилер, две пријави за каснување од куче скитник, 20 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 02.03.2022, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36 годишник од Битола поради сомнение за извршено кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.03.2022 во СВР Битола, Б.М. (43) од Битола пријавил дека кај Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.  

На 02.03.2022 во СВР Битола, М.Г.(42) од Битола пријавила дека во дворно место на основно училиште на ул.„Гоце Делчев” во Битола нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 02.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 20 возачи, од кои 12 санкции се изречени на територија на Ресен, 5 санкции на територија на Битола и 3 санкции на територијата на  ПрилепЗасилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.