Денеска, 3 март, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола лишиле од слобода 36 лице од Битола и поднесена му е кривична пријава по чл. 215 ст 1 од КЗ.
Имено, при претрес во објект во непосредна близина на куќата на пријавениот во Битола пронајдени се 107,46 грама хероин и 33.37 грама марихуана и три дигитални ваги со траги од хероин, кои му припаѓале на приведениот.
На пријавениот од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во траење од 30 дена.