Press "Enter" to skip to content

Во Битола 26 нови позитивни на ковид-19, оздравени 34 пациенти, 154 активни случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, дека се направени 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19, во Битола се 26.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти од Битола се 34.

До сега во Битола има 14.313 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 154 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола.

Направени во Битола се 95 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 77 и преку “Плодност“ 26.

Досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.