Press "Enter" to skip to content

Сребро за Леа Бошевска на “GRAND PRIX BIH“ (фото)

Викендот во Сараево, БиХ се одржа Меѓународниот натпревар во кикбокс “GRAND PRIX BIH“ на кој учествуваа 567 натпреварувачи од 13 земји. На ова големо натпреварување учество зеде и Леа Бошевска од Клубот за кикбокс Самурај од Битола.

Бошевска се натпреваруваше во сениорска конкуренција во дисциплината Кик лајт – 50 килограми. Во финалната борба Бошевскатесно загуби од искусната босанска репрезентативка Адна Хоџиќ, освојувајќи го сребрениот медал. 

Ни претстојат уште многу вакви турнири во периодот што следува и затоа ќе продолжам да тренирам понапорно, ни изјави Бошевска, а  тренерите Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, задоволни од настапот на Леа Бошевска, ни кажаа дека ќе следат многу престижни турнири, како за Леа, така и за останатите натпреварувачки од КБК САМУРАЈ.