Но реконтруираната куглана во Битола, која се наоѓа во спортската сала “Боро Чурлевски“ денес се одржа првиот женски кугларски осмомартовски турнир на кој учествуваа кугларки од Битола и Скопје.На овој турнир зедоа учество 20 кугларки, а сите од двата женки кугларски клубови во Македонија, каде е сконцентиран вкупниот кугларски квалитет.
Победник на турнирот е Андреа Вељановски од кугларскиот клуб Пелистер со соборени 548 соборени дрвца, второпласирана е Тамата Талевска исто така од Пелистер со соборени 546 дрвца, а третопласирана беше Биба Гаврилова од ГТЦ од Скопје со 516 соборени дрвца.
Наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој на сите натпреваривачки им го честита меѓународниот ден на жената и им подари по една ружа, а при тоа рече:
-Ми причинува задоволство што денес сум помеѓу кугларките учесници на првиот турнир во Битола, кој се одржува во нова куглана, во која сум и претходно кога не беше вака убава, а и сега кога е најдобра во државата. Сега од позиција на градоначаник сакам да им честитам на победниците на турнирот, а и на сите кои до сега го претставуваа клубот и Битола на домашните и меѓународните натпревари, што е за почит. Но и да им ветам дека ќе ја имаат мојата поддршка, бидејќи иако ова не е спорт за кој пошироката јавност не е информирана, имате големи успеси, кои се надевам дека ќе бидат уште поголеми.
Претседателот на Пелистер, Игор Михајловски рече дека сите овие кугларки кои се тука денес од Битола се кугларки кои “излегоа“ од проектот “Кугламе и сме среќни“, во тоа време, пред три години беа само љубопитни, а сега не носители на женското куглање кои имаат и настап на светско младинско првенство, а и настап во финалето на тоа првенство.
Михајловски додаде дека кугланата во Битола е најдобра во Македонија, а можеби и пошироко до Белград, а тоа е мотив повеќе за сите куглари во Битола.
-Што се однесува до турнирот се надевам дека до година ќе има маѓународен предзнак, а со тоа ќе добиеме на квалитет и ќе имаме поголема конкуренција за медалите, рече Михајловски.

Андреа Вељановска победник на првиот осмомартовски женски кугларски турнир во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
- Архан Арслановски е финалист на Светскиот клуб за младинци во Естонија, Стефанија Алексовска на 12. место
- “Битола е градот“, концерт на КУД “Илинден“ во Офицерски дом (фотогалерија)
- Граѓаните да не даваат пари на непознати лица по контакти преку телефон, има пријави за измама, апелираат од СВР Битола
- КК Пелистер казнет со вкупно 153.000 денари, Илиевски ќе паузира еден натпревар, Стајиќ два, за инцидентот и прекинот во Гостивар
More from СпортMore posts in Спорт »
- Архан Арслановски е финалист на Светскиот клуб за младинци во Естонија, Стефанија Алексовска на 12. место
- КК Пелистер казнет со вкупно 153.000 денари, Илиевски ќе паузира еден натпревар, Стајиќ два, за инцидентот и прекинот во Гостивар
- Градско фудбалско дерби, Јени Мале и Олд Бојс играа без голови
- Бабиќ и Танковски на прес по завршувањето на Купот, финалето голема битка која ја решија повредата на Периќ и одбраните на Томовски
- За Нед До од светското во Сер, Грција во Битола се враќа со пет златни медали