Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни, оздравени 21, починато 1 лице

Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.  Од новите случаи  во Битола се  24.

Од регистрираните 391 оздравени пациенти од  Битола се 21.

До сега во Битола има 14.336 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 155 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица нема од Битола, а дополнително е пријавено едно починато лице од Битола.

Направени се во Битола 108 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 92 и преку “Плодност“ 16.

Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.