Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: црнодробна стеатоза и фиброза

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехо за дијагноза на црнодробна стеатоза и фиброза, за што вели:

-Замастениот црн дроб претставува натрупување на липиди, пред се триглицериди во хепарот, црнодробна фиброза се карактеризира со натрупување на колаген и гликопротеини во хепатоцитите и кај напредната има премостувачки фибрози низ сегментите на хепарот и развивање на јазли кои ја нарушуваат функцијата, составот крвотокот на црниот дроб и развивање на цироза која е иреверзибилна промена.Етиолошки според причинити на развој постојат два основни типа на замастен црн дроб -steatosis hepatis, едниот е предизвикан од долгогодишно прекумерно конзумирање на алкохол поточно алкохолна стеатоза и вториот тип на неалкохолна стеатоза на црниот дроб поточно последица на дијабетес, дислипидемии (хиперхолестеролемија и хиоертриглицеридемија), гладување, брзо слабеење, јејуно-илеални анастомози, лекови како сулфосализин, метотрексат, нифедипин, амиодароне каде што најчесто постои и инсулинска резистенција и нарушување во метаболизмот и цревната апсорбција на масти кои се натрупуваат во хепатоцитите.                                

Ризик фактори во развиток на фиброза од стеатоза се обезност, дијабет тип 2, метаболен синдром, хипертриглицеридемија, полицистични оваријална болест, хипотироидизам,хипопитуитаризам, обструктивна sledp apnea, итн.                  

Златен стандард за дијагностицирање  на фиброза е биопсија како инвазивна метода во поново време има и еластографија неинвазивна метода.                              

Клинички кај поголем дел на пациенти со замастен црн дроб нема симптоми додека кај дел има нелагодност, тапа болка под десен ребрен лак и палпабилен хепар. Лабораториски најчесто постои зголемени црнодробни трансаминази AST, ALT. Со ехо на абдомен се гледа дифузно зголемен црн дроб со хиперехогеност и хиперрефлектогеност наспроти хипоехогениот кортекс на десен бубрег. 

Покрај ехото на абдомен во одредување на преминот на стеатозата во фиброза во високоразвиени земји има улога и МРИ, лабораториски различни параметри и индекси FIB-4=возраст хАST/PLT xALT 1/2 , при што вредности под 1.45 во над 90%од случаи зборуваат за ненапредната фиброза додека  доколку fib4 е над 3.25во висок процент имаме напредната фиброза кон цироза.

Терапијата е во примена на хигиено диететски мерки со редукција на внес на масти и алкохол, благи рафинирани продукти со редукција на телесна тежина како, умерени физички вежби, исклучување на факторот кој довел до фиброза и во примена на хепатопротективни средства најчесто на база на силимарин како и најновите позитивни ефекти од примена на витаминот Е, кај пациентите кои не реагираат на промените во животниот стил и медикаментозна терапија кај напредната фиброза и цироза последна опција е црнодробна трансплантација.                 

При нетретирана стеатоза без алкохолна -NASH и алкохолна кај дел од болните доаѓа до развивање на стеатохепатитис потоа фиброза со цироза и кај 10% хепатоцелуларен карцином.