Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер 2 во првото коло во плеј-офот во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 31:32 (12:17)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 1.000

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов 

Еурофарм Пелистер 2: Трајковски, Ристевски, Јовановски, Кузманоски 4, Николовски, Буторац 2, Павле Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски, Талевски 2, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 4, Белистојановски, Ѓукиќ 5, Блажевски 1, Арсеновски 3

Бутел Скопје: Чаневски, Цветковски, Спасовски, Андревски, Стојановски, Ѓеоргиевски 4, Митев 2, Спасовски, Мојсоски 7, Стојчевиќ, Блажески, Јевтиќ 4, Василевски 1, Мајиќ 7, Тот 7, Давитковски.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со пораз на свој терен во Битола, го отвори натпреварувањето во плеј-офот на оваа сезона, а победник беше екипата на Бутел од Скопје. “Пелистерци“ се поразени мининално 31:32, полувреме 12:15, во гостите имаа предност во текот на 60 минути.Натпреварот започна во знак на гостите кои во 11 минута имаа +5 (3:8), а во продолженито на првото полувреме се одржуваше разликатата од 5-6 гола во корист на Бутел. По 30 минути игра Еурофарм Пелистер 2 имаше негатива од -5 (12:17).И во продолжението на натпреварот екипата на Јовиќ не најде начин како да се намали разликата, а “бутелци“ имаа одлична реализација, а предноста не се намали помалку од 4 гола. “Пелистерци“ имаа добра серија од 5:1 со која во 55. минута дојдоа до -1, но наместо да дојде до израмнување следуваа три гола на гостите. На крајот Еурофарм Пелистер постигна два гола за -1, но последните 4 секунди не беа доволни за упатување на удар за израмнување.Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Павле Атанасијевиќ со 6 и Ѓукиќ со 5 гола, а неиграа повредените Петровиќ,  Димитровски, Димитриоски и Стоилевски.