Press "Enter" to skip to content

Татабања се пофали со четворица “пелистерци“ за идната сезона

Унгарскиот ракометен клуб Татабања, во еден ден на нивната официјална страница потврди дека има четири засилувања кои доажаат од Еурофарм Пелистер од Битола. Потврдени се трансферите на Мараш и Обрадовиќ, а потоа на официјалниот сајт на Татабања е потврдено дека нивните ракометари од лето ќе бидат уште и Мартон Секељ и Јосип Периќ.

Средниот бек Јосип Периќ и голманот Мартон Секељи се новајлии во тимот на Татабања за следната сезона, имаа претходно го носеа дресот на тимот, Периќ за Татабања настапуваше во сезоната 2014/2015, додека Секељ го бранеше голот од 2016 до 2019. Мараш и Обрадовиќ за прв пат ќе го облечат дресот на Татабања ова лето по завршување на оваа сезона која е во тек.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »