Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно и студено со врнежи од снег

Денес, недела, 6 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени.

Утре, понеделник, 7 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »