Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: започна подготовката на теренот за изградба на “Кромберт и Шуберт“ (фото)

Веднаш штом дозволија временските услови, во март 2012 година, во тогаш новата индустриска зона “Жабени“-Битола, компанијата која беше задолжена за изградба на фабриката “Кромберт и Шуберт“, започна со подготовка на теренот каде се градеше и се изгради Фабриката, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Како имам забележано во мојот новинарски бележник, подготовкитезначеа тампонирање на теренот, а голем зафат беше поставувањето на “длабоките“ темели во почвата, која на тој терен е мочурлива, кои беа во земјата и по повеќе од 5 метри, а се во голем број, вели Миновски.По извршените подготовки и поставување на “длабоките“ темели кои траеја 3-4 месеци на 2 јули 2012 година беше поставен камен темелникот на фабриката, која произведува кабли за автомобилската индустрија, а која беше пуштена во работа во октомври 2013 година.Сега фабриката запослува повеќе од 5.00 вработени.

More from БитолаMore posts in Битола »