Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј поразен дома од Фит Фан (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фит Фан 0:3

(20:25; 19:25; 16:25)

Екипата на Пелистер Волеј во 2. коло од Втората фаза од државната лига на Македонија во одбијка се поразени на свој терен во Битола, во салата на Медицинското училиште со 0:3, во натпревар во кој одбојкарките одиграа под своите можности.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за овој лош натпревар на неговите одбојкарки по завршувањето рече:-Натпревар во кој гостите беа далеку помотивирани од нас и во кој одиграа на се или ништо, а ние очигледно не се ни испотивме за да покажиме барем достоинствено ниво на игра. Сосема заслужена победа и им честитаме, а ние ќе бараме шанса веќе на следниот натпревар, а од денешниот мора да извлечеме доста поуки.Повторно најдобар поентер кај Пелистер Волеј беше коректорката Ивана Белокозовска со 16 поени и само 2 грешки, која оваа сезона игра на највисоко ниво до сега и тоа е за секоја пофалба.Поените ги освоија: Ивана Белокозовска 16, Ана Ивановиќ 7, Стефани Најдановска 6, Ева Трпеновска 6, Меланија Каралиоска 5 и Михаела Цветановска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »