Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска акциска контрола во објект-хала изнајмен за музички настани во индустрискиот дел

Синоќа во Битола, во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан.
 
При контролата затекнати се 5 малолетници под дејство на алкохол, на 114 лица утврден е идентитет,а додека преглед е извршен на 57 лица при што лице на возраст на 18 години од Прилеп е лишен од слобода по чл. 215 од КЗ и кај него пронајдена е марихуана и екстази.
 
Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.
More from ВестиMore posts in Вести »