АД ЕСМ додели 5 нови стипендии на студенти од Техничкиот факултет во Битола, во рамките на својата програма за стипендирање студенти од техничките науки, електротехниката и информациските технологии.Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски им порача на судентите дека како стипендисти на државната компанија за производство на електрична енергија треба да ја бараат својата иднина во капацитетите на АД ЕСМ и стекнатото знаење да го вложат во зајакнување на електро-енергетската сигурност на државата.
-АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 25 до 30 нови студенти од државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и во Тетово, со годишна стипендија која изнесуваше 60 илјади денари, но од минатата година ја зголемивме на 80 илјади денари. Се залагаме за тоа да им се даде до знаење на младите луѓе дека има иднина за нив и дека институциите знаат да препознаат и да поддржат амбициозни и подготвени студенти, кои имаат визија да го дадат најдоброто од себе кога ќе се вклучат во работниот процес, порача Ковачевски.
Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски изрази надеж дека стипендистите ќе ја градат својата кариера токму во РЕК Битола каде нивното стручно образование ќе се искористи во развојот на комбинатото, особено во иднината во која претстои значаен предизвик, а тоа е енергетската трансформација на РЕК Битола.
Деканот на Техничкиот факултет-Битола, Стојанче Нусев, изјави дека инженерските студии се се повеќе барани во стопанството и оти смета дека стипендирањето уште повеќе ќе го зголеми интересот на младите за запишување на технички факултети.

АД ЕСМ додели 5 нови стипендии на студенти од Технички факултет-Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер убедлив во Битола, го победи Феникс 2010 (фотогалерија)
- Нова победа на фудбалерите на Пелистер во Битола, под Тумбекафе (фотогалерија)
- Кампања Стави појас! во Битола, сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот
- Најмалите битолчани го одбележаа денот на шегата 1. април (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло