Press "Enter" to skip to content

Во Битола 39 оздравени 39 пациенти, починато едно лице, активни 126 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на КОВИД-19, вчера во Битола не беа правени ковид тестови.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од Битола се 39.

До сега во Битола има 14.351 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активнисе 126 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица едно починато лице е од Битола на возраст од 67 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.

More from ВестиMore posts in Вести »