Ако утрово од РК Еурофарм Пелистер најававија дека име уште малку, околу стотина, влезници за утрешниот натпревар во Битола, кој ќе се игра против АЕК Атина во рамките на 10. коло од Европаска лига, сага и тие се продадени и нема повеќе влезници, а битолчани под дрво и камен бараат.
Има најави дека во Битола ќе пристигнат и 150 навивачи на АЕК што дополнително ќе ја загреа атмосферата.
Екипата на Еурофарм Пелистер има 10 бода, но утрешниот натпревар одлучува со кој противник ќе играат во продолжението, во нокаут натпреаврите. “Пелистерци“ победија во Атина со резултат 30:27. АЕК има 8 бода и се наоѓа на 5 место.
Екипата на Пелистер се надева на позитивен резултат и сега на домашен терен, а поддршката од навивачите ќе биде добредојдена, а со оглед на тоа деќа ќе биде салата ќе биде полна на сите предвидени места, таа нема да изостане.