Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
“Да се држиш за гнев е како да се држиш за запален јаглен со намера да го фрлиш на друг, Ти си тој што гори.” Буда
Сите ние некогаш сме се прашувале дали таа личност што НЕ повредила, намерно или не, го заслужува нашето простување. Особено кога заради грешки треба да им простиме на луѓето блиски до нас, како што се членови на семејството, пријателите или партнерот, врски во кои простувањето или не простувањето може значително да наштети на нашиот интерперсонален живот. Простувањето е еден од најважните феномени во нашите односи со другите. Тоа е и карактеристика на емоционална интелегенција каде покрај емпатија кон другите значајно место има простувањето.
Од религиозен аспект „За простувањето да биде вистинско, неминовно е да се случи во нас самите, пред да ги изговориме зборовите “простено ти е“. Од психолошки аспект простувањето се доживува на индивидуално ниво во промена на однесувањето, размислувањето и емоциите на лицето кое го трпи. На интерперсонално ниво во ситуација каде има специфични улоги престапник – навреден.
Бројни студии кои ја истражувале поврзаноста помеѓу прошка и физичко и ментално здравје ги утврдиле и гледиштата или ставовите за простување. Тиа ставови и одговараат на прашањето кое сите често го поставуваме:Како да простиме?
-Најраспространето гледиште или став е дека простувањето е од суштинско значење за заздравување на емоционалните рани и нагласува колку е корисно за здравјето, физичкото и менталното. Тоа е многу корисно за лекување на чувства на вознемиреност и гнев, како и многу ефикасна клиничка алатка за луѓе со посттрауматско стресно нарушување. Нему му се припишуваат вредности на сочувство, емпатија и смирение. Човек кој е задоволен со себеси и со светот околу себе, без разлика на тоа колку луѓе ќе сретне и колку сите тие луѓе ќе го повредат, тој секогаш ќе одговори со љубов, добрина и милост, наместо лутина, омраза и незадоволство.
-Вториот став има различна визија за простување во споредба со првата. Тој смета дека во некои случаи НЕ простувањето е исто така корисно, бидејќи тоа не може да биде штетно за лицето кое простува и може да ги доведе во ризик групите кои се во ранливи ситуации, како што се злоупотреба или малтретирање. Вредностите што ги поддржуваат се правичноста, правдата и зајакнувањето.
-Го нагласува контекстот во кој се дава прошка и затоа секоја ситуација треба да се процени.
Одлуката за простување или не зависи од личноста која е навредена и може да се воведе на терапевтско ниво се додека пациентот слободно не одлучи. Затоа, од оваа визија, простувањето може да биде и позитивно и негативно, во зависност од контекстот каде се случуваат настаните.
Што влијае на простувањето:
Најпрво зависи од тоа дали мислиме дека лицето дејствувало за да ни наштети. Ако мислиме дека не го сторило тоа доброволно, колку повеќе добронамерно ги согледуваме постапките на другиот, толку поверојатно ќе се согласиме да простиме.
-Од друга страна, луѓето кои се подготвени да простат имаат поголема способност да ги контролираат своите емоции, личности со висока емоционална интелегенција. Исто како што луѓето со вознемиреност или депресија потешко простуваат.
-Емоционалната интелигенција започнува со она што се нарекува само-социјална свест, способност да ги препознаете емоциите (и нивното влијание) и кај вас и другите. Заради тоа луѓето со висока емоционална интелегенција можат да простат. Тие се дистанцираат од грешки и продолжуваат понатаму во животот.
-Простувањето исто така зависи од „тежината на прекршокот“ колку се зема за посериозен, толку е помала веројатноста за прошка.
-Ако сторителот ги признае фактите и постои искрено извинување тогаш и простувањето е полесно.
Но од тука произлегува прашањето:
-Дали простувањето на некого значи и помирување ?
-Вистина е дека простувањето го фаворизира помирувањето, но тоа не е строго потребно. Всушност можеме да бидеме во врска каде што нема прошка, а болниот факт едноставно е „заборавен“ или да се простиме со некого со кого веќе немаме контакт. Самиот чин на простување е повеќе процес и се случува со текот на времето.
Простувањето не значи заборавање, а ние треба да знаеме дека:
-Онаму каде што има гнев, омраза, одмазда, огорченост, таму исто така има и болка.
-Да се биде “злопамтило” е како да ставате нож во веќе направената рана. Додека другата страна која повредува, најчесто продолжува со животот, ние сеуште се бориме со болката, која тие ни ја нанеле.
Простете си и на себе
Простувањето може да биде насочено кон односите со другите луѓе, но може да биде и кон себе, односно кон сликата за себе и концептот за себе. Овде се надоврзува она да бидете добри кон себе, да не се обвинувате себеси за многу работи, особено за некои врз кои немате влијание. Да знаете како успешно да управувате со простувањето кон себеси, значи да имате повеќе или помалку успех да ги совладате негативните чувства на вина кои се непријатни.
Простувањето не мора да значи да имаме позитивни чувства на сочувство, емпатија или љубов кон оние што не повредиле, бидејќи може да биде и „себичен чин“ што се прави кон себе, со цел да се намалат негативните емоции што ги предизвикува.
Заборавете и простете, не за нив, туку за ваше добро. Зошто да не го трошите времето во размислување на нешто што ќе ја исцрпи вашата емоционална, физичка и ментална енергија, игнорирајќи ја убавината околу вас.