Press "Enter" to skip to content

Јосип Божиќ-Павлетиќ: имаме противник силно мотивиран, очекувам со победа пласман понатаму

Еурофарм Пелистер утре во Битола ќе го игра последното коло во Европската лига на ЕХФ, а го пречекува грчкиот лигаш АЕК од Атина. Хрватското крило Јосип Божиќ-Павлетиќ на денешната средба со новинарите дека нивната размисла за утрешниот натпревар е само победа, и додаде:

-Групата е доста изедначена, во другите групи екипите кои имаат по десет освоени бода веќе пројдоа понатаму, но тоа не е случај кај нас. Ни следи дуел со АЕК, одиме на победа, се подготвивме максимално, знаеме дека противникот ќе дојде силно мотивиран затоа што имаат шанси да ја минат групата, но ние играме дома, пред нашите навивачи и се надеваме на нов триумф. Се работи за добра екипа со индивидуалци, имаат неколку искусни играчи и се доста борбени. Победивме на гости кај АЕК полесно од очекуваното, но тие сега ја дигнаа формата и дојдоа до неколку одлични победи, а за тактиката за утре која ја подготвуваат со Бабиќ вели:

-Ги знаеме нивните специјалности, знаеме каде се добри. Се подготвуваме за нивната подлабока одбрана и се надевам дека сите работи ќе ни се поклопат и ќе славиме пласман во следната рунда со триумф. Не чувствуваме притисок, наше е да дадеме се од себе и сметам дека ако одиграме по планот резултатот нема да изостане. Не размислуваме на математиките, одиме само на победа. Имавме тежок февруари зад нас со повреди и коронавирус, но се извлековме од тоа, барем еден дел. Имаме уште некои играчи кои се повредени, но ние кои сме здрави мора да повлечеме и да атакуваме на победа.

More from СпортMore posts in Спорт »