Еурофарм Пелистер – АЕК Атина 30:19 (10:8)
Еурофарм Пелистер ја победи екипата на АЕК Атина и ракометрите сами, без калкулации дојдоа пласман кој за проривник ќе и го донесе Нексе, а победата во прекрасна атмосфера која ретко каде ја има не само во Македонија и пошироко, а во Битола се навиваше и по 30 минути пред и после натпреварот.Еурофарм Пелистер и без повредените Периќ и Велковски одиграа одлично, а навивањето беше мотив плус за нив. Бабиќ ја постави играта, а натпреварот го водеше како нему му одговара.
“Пелистерци“ започнаа рамноправно, а во 10. минута беше 3:3, во игра со многу мотив кај двете екипи. Во 15. минута “пелистерци“ поведиа со 5:4, а потоа беше 7:4, а победникот се наѕираше. Во 24. минута 7:5, а на одмор се отиде со 10:8.
Еурофарм Пелистер го почна второто полувреме со 13.10, па 14:10. Следувапе одлична одбрана на Пелистер, а како резултат на тоа беше 17:10, по што Грците се предадоа. Се одржуваша разликата, а понекое време беше и +10 за Пелистер, за на крај да биде 30:19.Пофалаби од сите за одличниот голман Секељи, кој имаше 15 одбрани, а најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Мандалиниќ со 7, Табоада и Јосип Павлетиќ со 6.