Press "Enter" to skip to content

Марко Кизиќ: напорен период е со многу натпревари, вечер мораме да одиме на победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево во 18,45 часот во Битола го дочекуваат АЕК од Атина во клучниот натпревар за пласманот во групата “Д“ во Европската лига на ЕХФ.  Во пресрет на дуелот со грчкиот ривал голманот Марко Кизиќ ни рече:

-Ова е многу важен натпревар за нас, бидејќи сè ќе се решава во последната рунда од групната фаза. Го анализиравме ривалот, веќе ни е попознат бидејќи одигравме еден натпревар против нив. Се припремавме добро досега, имаме уште два тренинзи до дуелот и мораме да одиме на победа. АЕК е тактичко добро подготвена екипа, многу се борбени и не се предаваат во ниту еден момент. Имаат голема сплотеност и покажуваат голема борба со многуте искусни играчи. Играат со стил кој ние го анализиравме, не може премногу да се менува од првиот натпревар, како тие, така и ние. Ќе одиме да се надигруваме, па подобриот нека победи.  Напорен период е со многу натпревари. Се обидуваме колку што можеме да се одржиме во најдобра физичка форма. Навистина е тешко и напорно, ама го даваме својот максимум за да бидеме спремни за секој натпревар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »