Press "Enter" to skip to content

Осум жени од Битола, Анета, Биљана, Бисера, Габриела, Емилија, Олга, Сузана и Кристинка за 8. Март

Жанета Ристевска

„Жените се лидери каде и да погледнете од високи позиции во големите компании до домаќинки кои ги одрастуваат и воспитуваат своите деца, кои се  глави во семејството. Нашата држава е изградена од силни жени и ние ќе продолжиме да ги рушиме и да им пркосиме на стереотипите “- Ненси Пелоси

Денес, еден век подоцна откако активистката за женски права Клара Цеткин  ја предложи идејата за Меѓународен ден на жените (1910), постигнат е значителен напредок во родовата еднаквост. Но, суштината на 8 март и денес треба да остане иста, демонстрации и празнување. Борбата уште не е завршена, за милиони жени во светот – ни оддалеку. Ден кога не треба само да се бара родова еднаквост, туку и да се празнува феминизмот во сите негови форми. Осми март некаде се слави и празнува, но ретко каде може да се каже дека е постигната целосна рамноправност на жените, на многу полиња. Денес  Клара Цеткин би се гордеела со жените на денешницата, жените кои се справуваат со предизвици што ги потстави времето во кое живееме пандемија, војни, конфликти разни нестабилности: социо – економска, здравствена, социјлна, морална криза… кои донесоа  доста стресови. Осми март би станал ден на заблуди и лага, доколку веруваме дека со тој еден ден на посебно внимание – дали преку цвеќе или подарок – ќе заборавиме или простиме на секојдневните неправди коишто се случуваат  во смисла на дискриминацијата на жените и стеротипите дали жената може да се носи со улогата да врши значајна функција во општествено- политичкиот живот. За што Клара Цеткин  денес би ни кажала благодарам? Одговорот на ова прашање  низ  силни порака од 8 битолчанки (редоследот е по азбучен ред на нивните имиња).

Анета Шијакова, советник за маркетинг, “СН Осигурителен Брокер“И покрај напредокот во поглед на родовите прашања, жените ширум светот и денеска се соочуваат со бројни предизвици. За среќа бројни се примерите во кои жените со својата умешност, знаења и истрајност успешно трасираат подобри патеки не само за себе, туку и за своето опкружување. Ова е се понагласено во бизнис сферата. Одредени истражувања на Меѓународниот монетарен фонд укажуваат дека поголемото учество на жените во општеството носи и поголем економски раст. Според нивните проценки, намалувањето на родовата нееднаквост во структурата на вработените, односно ако жените повеќе се активираат во општеството, тоа може да води и кон зголемување на БДП. Тоа јасно покажува колку се жените важни за целокупната економија.  Затоа верувам дека кога жената е сериозно сфатена во чекорите кои ги превзема и кога има поддршка во опкружувањето во кое делува, резултатите не можат да изостанат. Таквата поддршка е мотив за постојан развој и напредок. Среќна сум што работам во компанија со токму такво опкружување, “СН Осигурителен Брокер“, каде не само што бројот на жени е голем, туку и не се прават никакви разлики врз основа на полот. Единствено што се препознава е способноста, вештините и знаењата. Со нашите секојдневни активности и заложби во тој правец ние всушност сме активни поборници за рамноправност помеѓу жените и мажите.Биљана Лазаревска, комерцијалист, “Ангромаркет“

Кога станува збор за 8-ми Март, празникот на жената,најпрво што ми доаѓа на памет е сличноста на жената со дијамантот. Колку повеќе жената добива љубов и внимание секој ден таа толку повеќе и посилно блеска. Жената отсекогаш била единствена, неповторлива, магична и божествена! Божествена затоа што во себе ги носи најубавите допири, убавина, благост и милина, а сила и ум на маж. Да се биде жена значи да се биде борец.Иако надворешно секоја жена изгледа како едно нежно цвеќе ,внатрешно е прав борец кој се изборил рамноправно да стои рамо до рамо со сите мажи. Иво Андриќ рекол: “Жената стои,како капија,на излезот и на влезот во овој свет,, Таа е насекаде во сите сфери,таа е  и мајка и лекар и уметник и политичар. И затоа нејзината вредност треба да се слави секој ден зашто таа вредност е бесценета. Јас сум горда што сум жена,а пред се мајка. Е па драги жени,мајки нека ви е честит 8. март, и нека секој ден ви биде посебен, а секој пат по кој чекорите нека биде послан со цвеќе.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура8. март е ден на Искра, Марија Магдалена, Маја, Ивона, Светлана, Гордана и сите жени кои успеале да станат кога животот ги паднал на колена! 8. март е само еден ден кој покажува дека женската борба за рамноправност не застанува и не смее да застане. Да не зборуваме за mankind, да зборуваме за humankind!

Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина БитолаЗа мене не е 8. Март цвеќе и кафана. За мене е ден за борба за правда како и секој ден после него. Можеби самиот живот ме научил дека најважно е да не се откажиш од своите соништа, најважно е да имаш свој идеал и нешто за кое ќе се бориш. За мене 8-ми Март е само потсетник зошто секој ден се борам на сите полиња. За мене 8-ми Март е потсетник дека имам мајка-херој, која ме пораснала и изгледала сама, во едно време кога тоа било табу-тема. За мене е потсетник дека храбрите жени растат храбри ќерки и дека поскапоцено од животот е само гордоста. За мене 8-ми Март е потсетник дека и мојата ќерка мора да порасни во тој дух. За мене е ден кога секоја жена треба да се потсети на сопствениот идеал. Мојот е – борбата да го направам сопствениот град поубаво место за живеење.  Борбата секако е онаму каде најмногу можи да се направат промените, а тоа за жал денес е во политиката. Жената во политиката, денес сѐ уште има потешка задача од мажите за да постигне успех и да биде забележана и запамтена.  Затоа посакувам секој 8 март, да го одбележуваме со нови победи, со добиени битки и вистински услови за еднакви можности меѓу жените и мажите, а во меѓувреме, за да биде така, мора да ги создаваме секој ден, буквално.

Eмилија Ралевска, сметководител и даночен советник, “Аколада Консалтинг – Економист“Нема ограничување на она што ние како жени можеме да го постигнеме.”  – Мишел Обама. Иако секој ден е одлична можност да ги прославите жените во вашиот живот, Меѓународниот ден на жената Ви дава уште една причина да го направите токму тоа. Меѓународниот ден на жената 8-ми март е глобален празник кој ги препознава неверојатните достигнувања на жените, ја подигнува свеста и ги охрабрува другите да се залагаат за родова еднаквост. Жените се клучен фактор за развој и промени. Постигнувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е од фундаментално значење за градење фер, просперитетни и мирни општества насекаде. Создавање свет без пристрасност, стереотипи и дискриминација и создавање родова еднаквост на работните места, заедниците, училиштата и многу повеќе. Жените треба да внимаваат на нивното физичко и ментално здравје. Да се биде своја е една од најсилните компоненти на доброто ментално здравје. Верувам дека балансот помеѓу работата и животот е од суштинско значење и се трудам да ги издвојам работата и личниот живот. Не е лесно да се најде рамнотежа. Всушност, тоа е блиску до невозможно. Најважно од се е да не го изгубиме сопственото ЈАС во целиот тој процес. Да направиме подобра работа и да се ставиме повисоко на нашата листа. Се радувам на секој 8ми Март. Среќа е кога со подареното цвеќе ќе украдам насмевка на моите најмили. Тоа е еден вид восхит кон животот, кон пролетта, признание на љубовта. Почит кон жртвата на жената и мајката. Се гордеам што сум жена. Што сум своја, што се борам да ги совладам сите предизвици што ги нуди животот. Жена- независна, самоуверена која секогаш го слуша своето срце и ум.  „Човековите права се права на жените, а правата на жените се човекови права. Да не заборавиме дека меѓу тие права е правото да се зборува слободно – и правото да бидат слушнати“.- Хилари Клинтон.

Олга Лозановска, пратеничка во Собранието на МакедонијаНапорна работа, упорност, чесност и доследност, тоа е патот до успехот. Понекогаш ризикот и пречките може да се претворат во предности, но, пак до вистински успех. Во животот сум се соочувала со падови, но откако ќе станеш, ќе заклучиш дека си помудар и по силен. Патот е долг, со многу скалила по кои треба да се качуваме за да ја оствариме целта. Како мајка и жена сум се трудела да се вложам себе си. Мојата професија доктор, бара исто многу жртви, многу труд, посветеност и одговорност. Многу често се случува да не можам да го креирам денот онака како што сакам јас. Но, кога денес би се погледнала назад, дали се исплати цел труд, ќе речам: ДА. Да можам одново се да почнам, истиот пат би го изодела. Професијата доктор ми беше животна желба. Во политиката влегов спонтано. Едноставно заради љубов кон мојата татковина, заради моите претци, заради моите родители и родителите на мојот сопруг. Мислев дека можам нешто да допринесам за зачувување на се што е наше, МАКЕДОНСКО. За подобро утре во ова парче земја, за моите деца, внуци, за граѓаните на Р. Македонија.  Го следев својот инстикт и никогаш не се откажав. Среќен 8 МАРТ НА СИТЕ ЖЕНИ!

Сузана Кочанковска – Трајковска, проект менаџер “Game Developers HiveГи славиме предизвиците – зајакнување на жените во бизнисот, политиката, сите сфери на животот. Од баланс во кариерата и приватниот живот, иновирање на процеси или реализација на идеи, преку постојана активност и докажување. Дел од теми кои не движат секој ден се искоритување на неограничените потенцијали за развој и иновација, емпатија, социјализација, реинтергирање… Колку многу напори жените вложуваат да постигнат економска независност. Какво е прифаќањето на успехот од пошироката околина, како да ги одредиме приоритетите? Таа мешавина на знаење, вештини, искуство, на оригинални идеи реализирани во еден слаткомакотрпен процес ме потсетува на нови вкусови на пикатно чоколадо. Процесот на создавање налеан со еуфорија или страв,  смеа и понекоја солза, со добра чаша вино или горко кафе, а најважно од се со добар разговор, анализа на минато сегашност и фокус на иднината. Сето тоа се рефлектираат единствено во ИМПАКТОТ што го прават за клиентите, за заедницата и повратно за себе, како двигател на таа женска енергија. Мотивот различен од идеа за промена, емотивна приказна, од вруток на креација или потреба да се преживее води до иста цел да се направи поубав, фукционален, природен свет сега и за наредните генерации. Секоја ЖЕНА посебна на свој начин, на различна работна позиција, ја носи својата планина, ГОРДА на секој чекор напред, побогата со искуството од чекорот назад, ги носи невидливите трофеи и УПОРНОСТА да ги достигне своите ВРВОВИ на УСПЕХОТ.

Д-р Кристинка Пајаковска, специјалист гинеколог акушер, болница “Плодност“Во пресрет на денешниот празник, посветен на борбата  на сите нас  – жените,  за рамноправност и еднаквост, за наша афирмација како столб во семејството и општеството, ја истакнувам најсуштинската улога на жената – мајчинство. Мислам дека од сите права и можности што жените ги имаат, најдрагоцено е да бидат мајки. „Mајката се раѓа истиот момент кога и детето. Таа пред тоа не постоела. Жената постоела, но мајката не. Мајката е нешто целосно ново“ – Рајниш Професијата специјалист гинеколог акушер е секојдневна работа и посветеност  за здрава жена, идна мајка, храбра и издржлива родилка и здраво потомство, почитувајќи ја секоја, независно од нејзината политичка, верска и национална определба. Секоја бременост е предизвик, нова приказна и желба безрезервно  да се помогне. Погледи исполнет со страв и истовремено решеност да се успее, колаж од солзи и насмевки, неизвесност, безброј прашања и одговори, крунисани со прегратка на новороденото. Среќна  сум за подадената рака, поддршка, моја голема одговорност и чест за заеднички извојуваната победа. Горда на сите нив и нивната храброст, решителност, нежност  и непопустливост, на патот до целта.