Press "Enter" to skip to content

По повод за 8. Март прием на поетесите од Битолскиот книжевен круг во Библиотеката

Денес во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола по повод 8 Март -Меѓународниот ден на жената, директорот м-р Бојан Стефановски им го честита празникот и им подари цвеќе на дел од поетесите од Битолскиот книжевен круг: Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска -Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска и Мирјана Стојановска и на ликовниот уметник Љубица Мешковска Солак кои беа дел од кампањата „8 ПОЕТЕСИ за 8 МАРТ“.

Воедно директорот им ги додели и наградите на добитничките кои ни испратија најубави пораки за 8. Март.

Сите останати читателки ги покануваме да ја посетат нашата библиотека и да си подигнат од палетата на осмомартовски поклончиња кои ги изработија учениците од графичката струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »