Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: каснување од куче скитник, 29 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 07.03.2022 во СВР Битола ,В.А од Битола , пријави дека неговиот малолетен син на ул. “Београдска“ во Битола , бил каснат од куче скитник .

На 07.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 14 санкции се изречени на територија на Ресен, 4 санкции на територија на Битола и 11 санкции на територијата на Прилеп. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.