Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со ново засилување, донесе лев бек од Франција

Екипата на Еурофарм Пелистер денес, најави ново засилување, а соопшти дека продолжува да се екипира за следната сезона. Новото засилување овој пат е на левата бековска позиција.

Нов играч во Битола, од идната сезона, ќе биде Французинот Руди Сери (195 сантриметри, 104 килограми), 27-годишниот лев бек кој потпиша двегодишен договор со битолчани, а доаѓа од францускиот тим Сесон Рен.

Сери во својата кариера покрај за Сесон Рен има настапувано за францускиот клуб Селештат Алкасе и шпанска Будасоа Ирун.

Официјалната презентација е закажана пред почетокот на сезоната 2022/23.

Левиот бек е трето ново име во Еурофарм Пелистер, по претходните ангажмани на голманот Урбан Лесјак и Усама Хосни.

More from СпортMore posts in Спорт »