Press "Enter" to skip to content

Капитенот, капитенски и надвор од теренот, Периќ ги почасти ракометарите со шампањ за победата (фото)

-Ќе се берииимееееее, ќе се берииимееееее,…

одговорија ракометарите на Еурофарм Пелистер и дел од навивачката група “Чкембари“ со песна и ви нивни стил, на поканата на сопственикот на кафулето “Централ“ на плоштадот “Магнолија“ во Битола, Димче Ивановски, повторно да се соберат по победата над екипата на Нексе, на вечерашната средба по победата над екипата на АЕК Атина.Организатор на прославата беше, ко друг ако не капитенот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, кој поради повреда не настапи на вечерашниот натпревар, кој ги покани и ги почасти со шампањ своите соиграчи за победата и продолжување на натпреварите по групната фаза.Во кафулето, за кое како рече Ивановски, на еден час и повеќе беше фан-зона на “Магнолија“ пристигнаа е дел од навибачката група “Чкембари“ кои на ракометарите, повторно како и во салата, им ја испеаја песната “Ако одам во Битола“, но овој пат со нив запеаја Перич, Мараш, Мирко, Стипе…-Мило ми е што е ете со мојот пријател Јосип спонтано се организиравме, но се надевам дека после победата над Наксе ќе ја повториме ваквата средба, ќе бидеме поорганизирани им рече Ивановски, а како рекоа и навивачите сакат ракометарите да бидат дел од нив, да се чувствуваат како битолчани.

More from СпортMore posts in Спорт »