Press "Enter" to skip to content

Ракометарот Јосип Периќ спортист на Битола за 2021 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа (мега фотогалерија)

-Најдобра сениорска екипа РК Еурофарм Пелистер, најдобра младинска екипа ОК Пелистер Волеј, а посебно признание за Оливера Наковска – Бикова.

-Признание за спортист ветеран за Милка Гемтова, Горѓи Костовски, Ице Ѓоргиев-Бајче и Димче Миновски.

-Посебни признанија за националните селектори од Битола, ХС “Стрежево“, планинари, “Трчај Бе“, тенисери…

-Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и за побениците на ноќната трка.Вечерва во салата на Народниот театар од Битола се одржа 57. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2021 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Во име на организатор, Сојузот на спортови се обрати претседателот Димче Миновски, кој присутните, како рече, пред се помладите ги запозна со историјата на Сојузот на спортови и битолскиот спорт, односно најзначајните фази во трансформацијата на спортските клубови.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави ги поздрави присутните, кои ги запозна со вложувањата во спортот кој ги прави во професионаните клубови, училишниот спорт, реконтрукцијата и изградбата на спорстките терени. Коњановски ја најави соработката и поддршката на Универзитетскиот спорти и изградбата на новата спортска сала и спортскиот комплекс.Коњановски им ги додели наградите на најдобрите спортисти на Битола за 2021 година, на најдобриот спортист Јосип Периќ, капитен на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кој рече дека е посебно благодарен на Битола, на Сојузот, но и на клубот, на тренерот, на навивачите, семејството од кои ја има поддршката.На второто место се најде кошаркарот Бобан Стаиќ, капитен на Пелистер, а третопалсиран е кугларот, Пецо Димовски. Ракометарот Павле Атанасијевиќ  е на 4. место. 5. место го делат боксерот Александар Најдовски и велосипедистот  Јонче Даскаловски. На 6. место е скијачката Ева Милевска и одбојкарката Ева Трпевска. На 7. место се кик-боксерките Леа Бошевска и Ана Марија Димовска. На 8.место ракометарките Емилија Ризовска и Марија Јанкуловска. На 9. место фудбалерите Филип Трајчевски и Анита Гоцевска. На 10. место стрелецот Филип Стојановски и џудистот Петар Ристески.Наградите на најдобрите им ги додели претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која истакна дека и е мило што е дел од оваа најстара манифестација на која се прогласуваат најдобрите спортисти на Битола веќе 57 години, и дека на бината има голем број на млади спортисти кои се иднината на спортот во Битола.Најдобра екипа на Битола за 2021 година е ракометен клуб Еурофарм Пелистер, следуваа кошаркарите на Пелистер и одбојкарките на Пелистер Волеј. Во младинска категорија најдобра екипа е прогласена Пелистер Волеј, следуваат младинците на Еурофарм Пелистер 2, и кугларките на Пелистер ПИН.Посебни признанија за ветерани на спортот во Битола добија Ице Ѓоргиев-Бајче – посебен придонес во развојот и афирмацијата на боксот,  Димче Миновски – спортски хроничар и објавени 10 книги за спортските клубови  од Битола, Милка Гемтова Георгиевска – скијање -за животно дело и Ѓорѓи Костовски – алпинизам- за  животно дело – од Анди до Монт Еверест.Признанија за селектори на национални селекции од Битола добија  Игор Михајловски – селектор У-19 куглање, Роберт Митковски – селектор У-19-одбојка, Ѓуро Илиќ –селектор -сениори-аикидо, Африм Јусуфи – селектор сениори-велосипедизам.Посебно признание доби и Марјан Илиевски – тренер на кошаркарски клуб Пелистер и авторот на статуетката “Битолски победник,“ Круме Димовски.Посебни признанија за придонес во развојот на спортот во Битола добија: Златко Павловски – тенис- по повод 50 години тренерска работа, Анета Павловска –тенис- меѓународен  судија, Благојче Ралевски – фудбалски судија  во Прва лига, Драган Илиоски – посебен придонес во развојот  на стрелаштвото, ФК Јени Маале – за развој на фудбалот во урбаните заедници, Јове Парговски – за развој на спортот преку изработка на веб страни  промоција во дигитални медиуми, Атлетска трка “Трчај Бе“ –по повод  пет годишниот јубилеј, Ристо Димитров – Чурино, Синдикат на РЕК Битола – бизнис лига на Македонија во футсал, Марјан Милованов – за развој на сноубордингот, ХС “Стрежево“ – Битола – ЗЛТЦ “Ниже Поле“.За искачување на врвот Елбрус доби битолската експедиција која ја сочинуваа  Ана Котевска – ПСК “Копанки”, Никола Талевски – ПСК “ Пелистер”, Александар Петровски – ПСК” Пелистер”,  Драги Павловски – ПСК” Д. И.Мурато” и Даниел Јанков – “ I love hiking Macedonia“. Наградени млади спортисти се: Ален Рустемов – боксерски клуб Пелистер, Стефанија Алексовска – кугларски клуб Пелистер, Марија Димовска – кик бокс клуб Енерџи, Ивона Кечевска – кик бокс клуб Енерџи, Моника Босилковска – женски ракометен клуб Пелистер, Ивана Сердарова – кошаркарски клуб Младост, Наум Марковски – кошаркарски клуб Младост, Наде Смилевска – шаховски клуб Стево Патако, Марјан Христовски – шаховски клуб Стево Патако, Деа Крстевска – тениски клуб Битола, Лео Созовски – кошаркарски клуб Јуниор, Христијан Јовановски – фудбалски клуб Пелистер, Михаил Богдановски – велосипедски клуб 15 Мај Пелистер, Ева Димитровска – кик бокс Самурај, Драган Трајковски и Дарија Трајкова – танцов клуб Степ, Драган Трајковски и Дарија Трајковска –танцов клуб Степ, Евгенија Петровска – танцов клуб Спортакус, Никола Стојковски – џудо клуб Пелистер, Филип Димовски – џудо клуб Пелистер, Томе Кузмановски – аикидо клуб Пелистер, Петар Петров – џудо клуб Чурин, Теодора Христова – стрелечки клуб РЕК Битола, Леона Сара Палссдотир – клуб за гимнастички спортови Партизан, Андреј Лозановски – пливачки клуб Југ, Христо Динев – пливачки клуб Олимп, Јована  Павловска –женски фудбалски клуб Атлетико, Ивана Белокозовска – одбојкарски клуб Пелистер Волејбол, Бојан Јовчевски – ектрим бајк клуб, Симеон Танасковски – фудбалски клуб Топ Гол, Ангела Ристевска – скијачки клуб Пелистер, Димитар Сердаров – кошаркарски клуб Пелистер и Сандра Корлевска – ракометен клуб Феникс АМС.На предлог на сојузот за училишен спорт во категорија спортски педагози награди добија Михајло Христовски  – професор во основно образование и Пеце Бојовски – професор во средно образование. Награди добија и екипните победници на ноќната трка за 4-ти Ноември Гимназија “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »