Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни на ковид-19, оздравени 18, активни 125 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 24.

Регистрирани сe 468 оздравени пациенти од Битола се 18.

До сега во Битола има 14.411 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 125 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола. 

Направени се во Битола 118 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 95 и преку “Плодност“ 23.

Досега во земјата се направени вкупно 1.915.369 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а бројот на активни случаи изнесува 2.065.