Press "Enter" to skip to content

Одбележани 79 години од холокаустот на Евреите од Битола (фотогалерија)

По повод 79 години од холокаустот на Евреите од Македонија, кога беа  депортирани 7144 Евреи во логорот на смртта Треблинка, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организираат комеморативни настани во Битола, Скопје и Штип.Како дел од комеморативните настани во Битола, пред споменикот на депортираните Евреи од Битола, на споменикот на Естреја Овадија Мара и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ, свежо цвеќе положија амбасадорката на Израел, Симона Франкел, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, Еврејската заедница на Република Македонија, конзуларните претставништва и други делегации.На Споменикот на жртвите од холокаустот, цвеќе положи и Шели Леви Друмар, внука на Евреинот Хаим Абраванел, првиот интернист во Битола, чие име денес го носи Здравствениот дом во градот.Градоначалникот Тони Коњановски, чиј татко бил ученик на познатиот лекар Хаим Абраванел, упати апел да не дозволиме трагедиите од минатото да се повторуваат во денешницата.На овој ден се сеќаваме на еден тежок, трагичен настан од нашата историја, на Втората светска војна и 1943 година, кога 7144 Евреи од Македонија, меѓу кои 3351 битолски Евреи биле депортирани и завршиле во логорот на смртта во Треблинка. Сеќавањето на овој ден претставува оддавање почит кон загинатите наши сограѓани од тој период, но и наша опомена во денешнината: да не дозволиме трагедиите да се повторуваат, да се губат човечки животи и да се уништи создаденото. Со меѓусебна соработка и разбирање, да се насочиме кон негување на вредностите и создавање на услови за напредок, преку грижа и негување на културно историското наследство.Во овој контекст, со нови, прогресивни визии, општина Битола и во понатамошниот период ја продолжува успешната соработка со Израел, Германија, Еврејската заедница во Република Македонија, Музејот на Холокаустот. Верувам дека со нашите заеднички иницијативи достојно ќе го сочуваме споменот за нашите сограѓани евреи, кои живееле и работеле во Битола, а ќе направиме и многу повеќе за генерациите кои доаѓаат“, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

More from ВестиMore posts in Вести »