Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ бара Детското одморалиште “Пелистер“ да биде отстапено на користење на Општина Битола

Да ги вратиме децата на Пелистер, на зимување, летување, настава во природа, екскурзии, семинари, излети. Спуштајќи се по костум на Пелистер, иницијативата ја најави советникот од “Поинаку“, Иван Чулакоски, кој трета година по ред се спушта по костум од врвот на Баба планина со една цел – Пелистер да прерасне во врвен туристички центар.

Како “Поинаку“ доставивме иницијатива за поднесување на барање до Владата на РСМ за отстапување на Детско одморалиште “Пелистер“ на Општина Битола, со цел негово рестартирање како јавно детско одморалиште со намена за одмор и рекреација.

На следната седница на Советот на Општина Битола, која ќе се одржи на 15.03.2022 година ќе се расправа за оваа точка на дневен ред, но со оглед на тоа што станува збор за објект со огромно значење кој долг период е затворен и оставен да пропаѓа, очекуваме поддршка од сите колеги

More from ВестиMore posts in Вести »