Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: попладнево 105 возачи возеле побрзо од дозволеното

Денес, 11 март, во времето од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 105 возачи.

28 санкции се изречени на територија на Битола, 32 санкции на територија на Прилеп,  29 на  територијата на Ресен,  5 санкција на територија на Демир Хисар, 8 во Македонски Брод и 3 санкции на територија на Крушево. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »