Press "Enter" to skip to content

Се екипира и Еурофарм Пелистер 2, Антонио Николовски ќе ја зацврсти одбраната

Управата на Еурофарм Пелистер напоредно со засилувањата кои ги објавува во Еурофарм Пелистер, денес најави ново засилување, овој пат во Еурофарм Пелистер 2, кој ќе биде во клубот со крајот на сезоната, до кога е и важноста на договорот.

“Втората“ екипа на клубот од Битола доби ново засилување во Антонио Николовски, кој  веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Јовиќ.Николовски еима 23 години и можед а се каже дека е специјалист за игра во одбрана.

Николовски има настапувано за Вардар Јуниорм Работнички и Мачедонија ЃП, а бил и  кадетски репрезентативец. Своето деби за новиот клуб Николовски треба да го има викендов во Купот на Македонија. 

More from СпортMore posts in Спорт »