Press "Enter" to skip to content

Менде Гроздановски даруваше крв по 141 пат на денешната крводарителска акција по повод 17 март

Денес, во фоајето на Народниот театар во Битола, се одржува традиционална крводарителска акција која ја организира општинската организација на Црвен крст, во пресрет на 17 март – Денот на крводарителството. На денешната крводарителска акција, присуствуваше и крводарителот со најголем број крводарувања во Битола, Гроздановски Менде, кој со својата 57 годишна возраст, даруваше крв по 141 ви пат.Крводарителите ги позрави градоначалникот Тони Коњановски и посети и штандовите на кои волонтерите од Црвениот крст, на кој им се заблагодари за нивната хуманост со која придонесуваат за спасување на многу човечки животи, изразувајќи верување дека нивниот пример ќе продолжат да го следат многу млади луѓе.Вечерва, во Народниот театар во Битола, по повод Денот на Црвен крст на Македонија и одбележувањето на 77 години активна работа, Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Битола, организира театарска претстава насловена ,,Одам на лов”. Цената на влезниците е 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

More from ВестиMore posts in Вести »