Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: гихт или уричен артритис

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за гихт или уричен артритис, за што вели:-Уричната киселина е финален производ од метаболизмот на пурини. Причините за хиперурикемија се метаболни, ренални поточно постои зголемена продукција на урична киселина или намалена екскреција низ бубрезите. Постои покрај генетската предиспозиција и секундарни причини за хиперурикемија како употреба на диуретици, ацетилсалицилна киселина, кај дијабетес инсипидус, надбубрежна слабост итн.

Гихт или уричен артритис е воспалително заболување на зглобовите и синовијата поради трупање на кристали на мононатриум урат како последица на долготрајна хиперурикемија или зголемено ниво на мочна киселина во крвта. Клинички најтипично е појавата на силна болка, оток црвенило при мирување или ноќе на еден од зглобовите најчесто палецот од стапалата, при нетретиран гихт често  при наредните атаки има ширење на артритисот на лакти, колена скочни зголоби со подолго траење и поизразити болки се до деструктивни форми со трајни оштетувања на зглобните површини и коските.

Една од причините за формирање на камења во бубрезите е и зголеменото ниво на мочна киселина во мокрачата и зголемениот ризик од опструктивна нефропатија и развој на бубрежна слабост.  Кај хроничните форми на гихт има појава на тофуси по артикуларни површини на ушни школки, лакти поретко јазик, срце при чија ерупција течи бела материја богата на мононатриум урат и се ризик за понатамошни кожни инфекции.

Во поставување на дијагнозата значајни е докажувањето на хиперурикемија како и клиничката манифестација на болеста при што дефинитивна дијагноза се поставува со микроскопски испитување на синовијална течност и докажување на кристали на мононатриум урат во леукоцитите од инфламираниот зглоб.

Лекувањето за време на  воспалувањето  е промптно со НСАИЛ индометацин, бруфен понекогаш и кортико препарати мирување а вон нападите од артритис примена на медикаменти како алопуринолот или фебуксостат чија цел е редукција на уричната киселина во крвта преку инхибирање на нејзина секреција и хигиено диететски режим кој подразбира елиминација на алкохол, високомастно сирење кашкавал, пржена храна, кечапот, мајонези, црвено месо, јајца а примена на салати цвекло, морков, риба, житарки овес, рж, цедени овошни сокови, растителни супи зелка брокули и алкална вода, урда, млеко со 1% масленост.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.

More from СоветиMore posts in Совети »