Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер, потешко од очекувањето (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје Уни Банка 99-89

Екипата на Пелистер, по победата во Битола, над екипата на МЗТ Скопје Уни банка, со резултат 99:89, останува неприкосновен лидер на табелата, но до победата дојде потешко од очекувањето пред натпреварот. Мора се спомене и тоа што играа беа Хотон и Стајиќ, а на клупата го немаше и тренерот Марјан Илиевски.Натпреварот започна со добра игра на “пелистерци“ кои поведоа со +8, а првата четвртина ја завршија со резултат 26:22. Втората четвртина беше рамноправна, а гостите од Скопје во 18: мунута првпат поведоа. На полувреме се замина во “реми“ 47:47.Третата четртина започна рамноправно, а во еден период гостите одржува мала разлика. Потоа следуваше серија од 8:0 за “пелистерци“, за четвртината да заврпи со +6 за Пелистер (70:64).Последната чествртина интересно, само по 3 минути игра беше нерешано 75:75, а потоа беше 81:75 за Пелистер. Ново израмнување имаше на три минути до крајот 83:83, а гостите се доближина и до -2 (88:86). Квалитетот и искуството беше на страната на Пелистер и до крајот со рутинска игра го приведоа натпреварот до победа од 99:89.Најефикасни во тимот на Пелистер беа Малешевиќ со 28 и Кесар со 20 поени.