Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 15.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од Битола се 4.
До сега во Битола има 14.458 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 135 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се четири починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 74 години.
Направени се во Битола 86 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 62 и “Плодност“ 24.
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.