-Ретки се јубилеите кога славиме големи јубилеи, а на прсти можат да се избројат настаните и за кои славиме 100 годишнина. Еден таков настан на кој бев присутен и го имам забележано во мојот новинарски бележник е прославата на 100 годишнината од работењето на Црвен крст од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -На свечен начин беше прославено 100 години постоење на Црвениот крст од Битола, а корените на оваа најстара невладина организација во Битола се од Првата светска војна, а прославата започна со промоција на книгата “Еден век, црвен крст во Битола“ од Александар Стерјовски, а потоа следува разни актисвности организирани од Црвен крст, како крводарителска акција, предавања, работилници…
Завршницата на прославата се случи во Народниот театар во Битола каде се одржа свечена академија, на која зборуваше градоначалникот на Битола, Владимир Талески, секретарот Никола Христовски и други, а на најхуманите граѓани им беа доделени признанија.
На прославата беа присутни и делегации на збратимени организации на Црвениот крст од Битола од Србија, Романија и Бугарија, а се одржа и музичка програма на која настапија, Маргарите Христова – која ја испеа и химната на Црвениот крст од Битола, Сефедин Бајрамов, Павал, група “Боеми“ и фолјлорен ансамбл.

Деновиве пред 10 години: одбележани 100 години Црвен крст – Битола 1912-2012 (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Христијан Илиевски втор на мотошампионатот во Едрење, Турција
- Во Битола сончево и многу топло, температурата до 33 степени, УВ=8
- Во македонска лига нема повеќе противници за Скантата, победа во прва рунда со прекин во Тетово
- Учениците со наставниците од Горната Гимназија тренираа аеробик, играа ракомет и заиграа оро (фото)
- Локалниот младински совет го промовира видео записот за Светите Кирил и Методиј (видео)